Повеќе од 30 загинати во ураганот Јота во Централна Америка
Повеќе од 30 лица загинаа во ураганот Јота, кој предизвика поројни поплави низ Централна Америка и принуди стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови, што може да доведе до миграции во САД.
„Ројтерс“ наведува дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми, бидејќи спасувачите трагаат по изолирани заедници.
Во многу села од северна Колумбија до јужниот дел на Мексико се забележани рекордни нивоа на надојдените реки предизвикани од врнежи од дожд, предизвикувајќи свлечишта, а погодени се градови како Сан Педро Сула во Хондурас.
Аеродромот во тој град е целосно поплавен, а како што може да се види на едно видео објавено на социјалните мрежи, воздушните мостови за влез во патници повеќе личат на пристаништа, додека блиските крошните на дрвјата одвај се гледаат над морето од матна вода.
Бурата Јота го погоди брегот на Никарагва во понеделникот, со силен ветер до 250 километри на час, поплавувајќи ги селата кои сè уште закрепнуваат од ударот на ураганот Ета од пред две недели.
Околу 160.000 граѓани на Никарагва и 70 000 граѓани на Хондурас беа принудени да избегаат во засолништа.
Американскиот национален центар за урагани предупреди дека Јота денес може да предизвика дополнителни поплави и свлечишта низ Централна Америка, бидејќи се повлекува на запад кон Тихиот Океан.
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај