Свет
2. March 2022 - 14:43

Повеќе од 2.000 украински цивили убиени за време на руската инвазија

Украинските власти соопштија дека повеќе од 2.000 цивили досега се убиени во руската инвазија, која започна пред речиси една недела, пренесува Би-Би-Си.

Загинаа и десет спасувачи, соопштила Службата за итни случаи.

Спасувачите изгаснаа повеќе од 400 пожари кои избувнаа по руското гранатирање низ земјата и деактивираа 416 експлозиви.

„За време на седумте дена војна, Русија уништи стотици транспортни центри, станбени згради, болници и градинки“, се вели во соопштението.