Повеќе од 2 милиони заразени со коронвирус во светот, САД бележи најмногу смртни случаи
После два дена на пад во бројките, Соединетите Држави во вторникот забележаа црн рекорд со повеќе од 2.200 нови смртни случаи од коронавирусот за 24 часа, што е најголем дневен број на умрени од која било друга земја.
Според универзитетот Џон Хопкинс, САД во вторникот забележаа нови 2.228 смртни случаи, откако бројките во неделата и понеделникот биле во пад и се движеле околу 1.500.
Соединетите Држави сега имаат вкупно 25.757 мртви и речиси 610.000 заболени од коронавирус.
Претходниот рекорд за еден ден беше 2.108 смртни случаи, што се случи во петокот во САД.
Во текот на викендот, Соединетите Држави ги прегазија Италија (со околу 21.000 мртви), Шпанија (18.000) и Франција (15.700) во однос на смртните случаи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се најде на мета на критики откако објави дека САД привремено ќе престанат со финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) поради нејзиното „лошо управување“ со епидемијата на коронавирусот.
САД се најголем донатор на Светската здравствена организација со повеќе од 400 милиони долари во 2019 година, што е околу 15% од нејзиниот буџет.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „не е време“ за намалување на ресурсите за Светската здравствена организација (СЗО).
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули