Повеќе од 1,5 милиони луѓе учествуваа во протестите во Франција
Во Франција вчера, на 12 ден од протестите против реформите во пензискиот систем, според податоци на Генералната конфедерација на синдикатот на работници, учествувале над 1,5 милиони луѓе.
Додека француското Министерство за внатрешни работи тврди дека во акциите и протестите учествувале 380.000 луѓе.
Синдикатот и француското МВР исто така не се согласуваат за бројот на демонстранти во Париз. Според организаторот на протестите на улиците на Париз вчера излегле 400.000 луѓе, додека според властите учествувале само 42.000 лица.
На повеќе места во Париз се судрија демонстрантите и полицијата. Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на Централната банка, но не успеаја. Претходно демонстрантите упаднаа во седиштето на модниот гигант Луј Витон.
Францускиот Уставен совет денеска треба да се изјасни за пензиските реформи. Владата реформите ги претстави во јануари, а еден месец подоцна почна расправата во Парламентот. Реформите предвидуваат зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година, и најмалку 43 години работен стаж за целосна пензија.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план