Повеќе од 100 училишта во Малезија затворени поради отровни гасови
Малезиските власти наредија да се затворат 111 училишта, бидејќи стотици луѓе се разболеле од труење со метан, откако хемикалијата, наводно, пред една недела била илегално фрлена во река.
Министерот за образование Мазли Малик, доцна синоќа нареди веднаш да се затворат училиштата во радиус од три километри од реката Ким Ким во државата Џохор, во јужниот дел на малезискиот полуостров. Повеќето од затворените училишта се во близина на јужната граница со Сингапур.
Во пост на Фејсбук, Малик рече дека ситуацијата станува “сè покритична“ и им нареди на учениците и на персоналот да не се доближуваат до нивните училишта „додека ситуацијата не се подобри“.
Се претпоставува дека причината за труењето се токсични гасови од хемикалии кои илегално биле фрлени во реката, пишува локалниот весник „Стрејтс Тајмс“.
Вкупно 506 луѓе до денеска биле затруени од токсични гасови, а девет лица се сместени на интензивна нега.
На две училишта првпат им беше наредено да затворат на 7 март, откако ученици и вработени имале тешкотии при дишењето, а некои се онесвестиле откако ги вдишале гасовите.
Вториот бран труење со метан се случил само неколку часа откако двете училишта во понеделникот повторно беа отворени. Последниот инцидент се случил во вторникот, кога 260 лица беа биле хоспитализирани поради тешкотии при дишењето.
Министерот за енергија, наука, технологија, животна средина и климатски промени Јео Би Јин изјави дека денеска треба да биде обвинет еден од осомничените за фрлањето на материјата, сопственик на локална илегална фабрика за рециклирање на гуми.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ