Бизнис
28. January 2022 - 16:36

Повеќе мажи од жени се на раководни позиции во јавната администрација

Бројот на Албанци вработени во држвните институции и установи се зголемил за 10 процентни поени за период до 13 години.

Односно во 2007 застапеноста на Албанците изнесувала 10,8, а во 2020 20,1%. Застапеноста на Турците се зголемила на 2,1%, на Ромите на 1,1. Намалување на застапеноста има само кај Србите. Според Народниот правобранител, подобрување има, но тоа не е доволнво.

„За жал, подобрување на состојбата нема подеднакво во сите сектори, институции и органи. Во некои од органите на државата, како Собрание, Народен правобранител, Влада, министерства, единиците на локална самоуправа и во некои од поголемите фондови состојбата е значително подобрена. Но и тука, не за сите заедници подеднакво“, рече Насер Зибери, Народен правобранител.

Во Министерствата речиси 70% од вработените се Македонци, 24,3% се Албанци, а застапеноста на помалите заедници е незадоволителна. Според извештајот, најлоша е состојбата до Кабинетот на претседателот, Уставниот суд и МАНУ, каде 95,7% од вработените се Макеоднци, а 1,4% Албанци. Во Фондот за иновации пак сите вработени се Македонци.

Во однос на половата застапеност од вкупно 134.979 вработени во инстиутциите близу 52% се мажи. Има повеќе жени со високо образование, но и покрај тоа мажите ги има повеќе на раководни позиции. 

Народниот правобранител по Устав е единствен орган кој се грижи за начелото за правична застапеност. За овој извештај податоци биле побарани од 134 институции, а не одговориле 136.