Поведена постапка против скопјанец фатен со дрога на „Блаце“
Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец е донесена од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин „Блаце”, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистраски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло, информираат од Основното јавно обвинителство.
Од ОЈО посочуваат дека при претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.
Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
