-->
-->
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-->
Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, во неколку наврати, искористувајќи отсуство на родителите, намамувал петгодишно девојче во куќа и вршел обљуба врз него, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Судијата за деца денеска го прифати предлогот и определи притвор за детето во судир со законот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен струмичанец, возел со 2,19 промили алкохол во крвта
-
„Прада“ го купува „Версаче“ за 1,25 милијарди евра
-
Ерик Дејн боледува од неизлечива болест
-
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
-
Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
-
Без вода делови од Чаир
-
Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања