Потврди за намера за признавање на правото за азил за околу 2.500 мигранти во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа вкупно 2.543 мигранти добиле потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.
Од нив, 1.645 се мажи, 297 жени, 498 деца придружувани од носителот на потврдата и 103 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија - 1.309, а по нив следуваат државјаните на Авганистан – 904 и Ирак-132.
Од отпочнувањето на процесот на издавање потврди вкупно 118.042 мигранти добиле вакви потврди, а според државјанството најбројни се Сиријците (85.974), потоа Авганистанците (15.852), државјаните на Ирак (7.723), Пакистан (3.109) Палестина (1.178) .....
Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, а досега вкупно се поднесени 50 вакви барања.
Според дневниот регистар вчера евидентирани се шест баратели на азил, сите мажи, од кои еден со повреда. Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден возрасен маж се сместени на друго место одредено од МТСП.
Ново на Сител
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за cанација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
-

Трамп: Иранскиот одговор на нашиот предлог е тотално неприфатлив
