Потврдена пресудата: 40 години затвор за убиството на Тијана

Апелациониот суд во Нови Сад ја отфрли како неоснована жалбата на бранителот на обвинетиот Драган Јуриќ од Сурчин и ја потврди пресудата од Вишиот суд во Суботица поради убиството на 15-годишната Тијана Јуриќ.
Судот утврди дека сите околности за извршеното дело се правилно утврдени во првостепената пресуда, и дека се неприфатливи жалбите на бранителот за намалена пресметливост на обвинетиот и влијанието на признанието врз висината на казната.
Преиспитувајќи ја одлуката за казната, Апелациониот суд утврди дека првостепениот правилно ја изрекол казната затвор во траење од 40 години, сметајќи дека таквата казна за обвинетиот е нужна мерка за остварување на целта на казнувањето и постигнување на опта како и специјална превенција. Околностите и начинот на извршувањето на кривичното дело, укажуваат дека за такво бескрупулозно злосторство неопходно е да се изрече најстрогата казна што српскиот кривичен законик ја предвидува за тешко убиство.
Судот во пресудата ја нагласи бруталноста и агресивноста на обвинетиот, како индикатор за степенот на безобзирност на обвинетиот наспрема малолетнат возраст и беспомошноста на убиеното девојче.
Месарот Драган Ѓуриќ од Сурчин воопшто не трепна кога на 15 јуни годинава судијата Гордана Којиќ му соопшти дека за убиството на Тијана Јуриќ (15) го осудува на 40 години затвор.
Ѓуриќ при изрекувањето на пресудата цело време незаинтересирано гледаше во подот, на неговото лице не можеше да се види никаква емоција, а делувал дека не знае каде се наоѓа. Истовремено, на лицата на полицајците, судската стража, тужителите и таткото на Тијана се гледаше големо олеснување кога судот ја соопшти казната.
Како што објасни претседателката на судскиот совет, Ѓуриќ со едногласна одлука е осуден на 12 години затвор за обид за силување и на 40 години за тешко убиство, па му е изречена единствена казна од 40 години затвор.
Инаку, српската полиција го пронајде телот на Тијана Јуриќ на 7 август 2014 година, 12 дена по пријавувањето за исчезната, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ тогаш рече дека Ѓуриќ на сослушувањето во полиција го признал убиството.
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства


