Потврдена добрата соработка меѓу војските на Македонија и Хрватска
Соработката меѓу армиите на Хрватска и Македонија не е само декларативна, туку се темели на конкретни проекти и активности и е крунисана со заедничко учество во мисијата во Авганистан, оценија началниците на ГШ на АРМ и на Оружените сили на Хрватска, генерал потполковник Методија Величковски и генерал Драго Ловриќ по денешната средба во Скопје.
- На денешните разговори начнавме неколку теми како да се продлабочи и интензивира соработката, а сето тоа да и помогне на Република Македонија и на АРМ да го надмине технолошкиот јаз кој можеби го има со некои земји членки на НАТО, изјави генерал потполковник Величковски по средбата.
Тој посочи дека станува збор за прва официјална посета на началник на генералштаб на една армија по неговото назначување на функцијата.
- Постојат повеќе причини зашто првата официјална посета ја прави началникот на ГШ на Оружените сили на Хрватска, а една од главните е што токму со Хрватска и Албанија преку А3 форматот го почнавме заедничкото патување кон НАТО. Ние сме повеќе од горди што Хрватска и Албанија се веќе членки на НАТО, соработката продолжува и преку А5 форматот и се надеваме дека конечно наредната година во Варшава и ние ќе се приклучиме кон Алијансата, рече Величковски.
Генерал Ловриќ истакна дека на средбата станало збор и за актуелната бегалска криза во регионот и додаде дека соработката меѓу двете армии е одлична и се одвива во повеќе области.
- Република Македонија заради многу други причини, а не само поради актуелната бегалска криза заслужува да биде членка на Алијансата и сметаме дека одамна заслужи да биде членка на НАТО. Наш стратешки интерес е што поскоро да му се приклучи на НАТО и сигурен сум дека на воено и на политичко поле ќе направме се за тоа да се случи. Сите сме заинтересирани за мир и сигурност на целиот регион и затоа мораме да соработуваме и да разменуваме искуства и информации. Бегалската криза само дополнително ја отежнува ситуацијата во регионот, изјави генерал Ловриќ.
Тој посочи дека Хрватска ќе направи се за да се однесува хуманитарно кон мигрантите и да помогне да се надмината сите безбедносни ризици во регионот.
- Разговаравме и за сите можни облици на соработка меѓу оружените сили и меѓу двете држави и како можеме задно да им помогнеме на нашите општества и на нашите народи особено во хуманитарните катастрофи кои можат да не зафатат... Посебно би го истакнал нашето заедничко учество во мисијата во Авганистан, како и заедничките вежби, системот на паметна одбрана и радарскиот систем. Припадници на АРМ со години се школуваат во Хрватска и не само што тие стекнуваат нови знаења, туку им носат нови знаења на нашите офицери со што се зголемува и квалитетот на нашето образование, рече Ловриќ.
Тој посочи дека Хрватска е отворена за продолжување на воено-техничката соработка на подрачејто на зеднички ремонт и модернизација на воената опрема и вооружувањето што, како што рече, би резултирало со финансиски заштеди кај двете страни.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ