Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
Платформата „Ало инспекторе“ ги повика потрошувачите во Хрватска да се воздржат од секаква трговија в петок. За ден претходно – в четврток – тие повикаа на неделен бојкот на трговските синџири, Lidl, Eurospin и DM и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за садови, јавија хрватските медиуми.
Советникот на платформата, Јосип Келемен, на прес-конференција ги повика потрошувачите в петок „да се воздржат од какво било купување“, што ја опфаќа целата трговија, бизнис со банки, телекомуникации, нарачки преку платформи за испорака.
Според него, бојкотот треба да опфати и воздржување од прекумерна потрошувачка во кафулињата, рестораните, патувањата, бензинските пумпи и дрогериите.
„Мораме да испратиме порака до оние кои се причина за оваа дивеење на цените. Сакаме да испратиме порака и до банките. Не одете во банките, избегнувајте доставувачи, тие се исто така дел од поскапувањето“ изјави Келемен.
Тој ги повика странските работници и пензионерите да одговорат на бојкотот.
Платформата повикува на целосен бојкот на три трговски синџири од четврток наутро до среда, 5 февруари навечер.
„За една недела, од четврток, се предлага бојкот на Кока Кола и други газирани пијалоци, вода и детергент за садови. Забележано е енормно зголемување на цената на тие артикли, рече тој.
„Ова не е напад на малопродажните синџири, туку на нивното раководство му кажуваме дека крајните цени се превисоки и неодржливи“, рече Келемен.
Тој ги повика вработените во продавниците да ја забават работата за време на протестните акции.
„Не сме против вас, вашиот статус и приходи“, им порача тој и ги повика потрошувачите да купуваат од ситните земјоделци.
Ново на Сител
-
Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот