Бизнис
30. July 2019 - 19:28

Потрошувачите се жалат на проблеми со аранжмани купени преку интернет

Едно им се нуди на интернет друго добиваат кога ќе стигнат на лице место.  И  ова лето граѓаните се жалат од туристичките аранжмани купени преку интернет страниците. Од организацијата на потошувачи алармираат,  неопхдна  е конотрла на туристичките платформи, за да се утврди дали нивните понуди се веродостојни.

Потрошувачите многу се жалат и од фабрички грешки кај производите кои тешко се решаваат бидејќи нема резервни делови, но и од гаранциите Годишно  до ОПМ пристигнуваат околу 2.400  жалби.

Министерот за економија Бектеши посочи дека се работи на подобрување на регулативата со која ќе се зголеми  заштитата на потрошувачите.

Со измените пак во законот за туризам ќе се засилат контролите во туристичките и угостителските објекти. Ќе се формира посебно тело со инспектори само за оваа област.  Тие ќе можат да  влезат во приватните објекти  кои се издаваат пркеу интернет страните.

45 фирми денеска  добија сертификат- фер за потрошувачот.