Потресно сведочење на исчезната девојка: Шефот ме држеше во контејнер со ланец околу вратот
Полицијата во Јужна Каролина во четвртокот ја пронајде Кала Викторија Браун (30) која со партнерот Чарлс Девид Карвер (32) исчезна кон крајот на август, а чиј случај неодамна ја заинтригира јавноста откако профилот на Давид на Фејсбук „оживеа“ при што на него беа објавени серија статуси вклучувајќи и некои поврзани со исчезнатата двојка.
Кала е пронајдена жива на еден приватен имот во округот Спаранбург. Била врзана со ланец околу вратот и сместена во метален контејнер во кој поминала два месеци во текот на кои добивала храна и вода. Дејвид се уште не е пронајден, иако на тој имот останал паркиран неговиот автомобил.
Полицијата го уапси Тод Колхеп (45) кој е заведен сексуален престапник и за кого е утврдено дека е сопственик на имотот. Кала рекла дека на имотот кој има 40 хектари земја може да бидат закопани четири мртви човечки тела, но за сега нема информации за кои лица станува збор. Се споменува дека триповите можеби се запалени.
Подоцна е објавено дека Кала била вработена кај Колхеп. Колхеп имал агенгија за продажба на недвижности, а Кала ги уредувала и чистела објектите пред тој да ги понуда на продажба.
Полицајците ја пронајдоа Кала кога отишле на имотот поради дојава дека таму се поставени замки за мечки. Додека пребарувале го слушнале тропањето од контејнерот во кој ја нашле Кала.
Кала е жива и здрава иако психички скршена, а полицијата се обидува да открие што се крие зад сето ова.
Ново на Сител
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил
-
Почнува нејасно да зборува, ова е моментот кога српскиот министер Глишиќ доживеа мозочен удар | ВИДЕО
-
Слот: Вирц против Атлетик покажа одлична креативност во последната третина
-
Израел ќе им дозволи на проверени Палестинци да помогнат во дистрибуцијата на помош во Газа
-
„Чет-ГПТ“ ќе ги потсетува корисниците да направат пауза од подолгите разговори
-
ДЗС: Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Регионална иницијатива за превенција од пожари: Западен Балкан со заеднички чекори кон отпорни екосистеми