-->
-->
Потресно писмо на татко чија ќерка се самоубила поради тоа што била сексуално злоставувана
-->

По трагичната судбина на Тизиане Кантоне, 31-годишна Италијанка која се самоуби откако нејзино приватно видео беше објавено на социјалните мрежи, медиумите дознаа за уште еден сличен случај кој ја потресе Италија.
Станува збор за 13-годишната Каролин Пикхио која извршила самоубиство во јануари 2013 година бидејќи дознала дека снимката на која била жртва на сексуално злоставување била објавена на Фејсбук. Откако се самоубила Тизиане Кантоне, се огласил таткото на Каролин.
"Јас сум татко на Каролин, она прекрасно девојче кое ми недостига и на мене и на целиост свет од таа кобна ноќ во јануари 2013 година. Мојата ќерка имаше само 13 години, а се самоуби бидејќи сексуално ја злоставуваа момчиња малку постари од нејзе, се тоа го снимиле го објавиле на Интернет. Добро се сеќавам на таа ноќ бидејќи отидов по нејзе. Сабајлето ми рече дека воопшто не се сеќава што правела претходната вечер.
Мојата мала ѕвезда не беше свесна за ништо. Но после неколку дена дозна. Се фрли од балкон откако виде 2600 лајкови, навреди и вулгарности кои по нејзе ги упати анонимниот свет од социјалната мрежа. Но сакам да разговарам за оние кои се одговорни. И ја одземале свеста и се забавувале. Можеби на нив тоа им изгледало сосема нормално.
И денес, по нивните признанија се прашувам: дали навистина биле свесни за она што го прават? Изразеното жалење не е секогаш вистинско и затоа веќе со месеци инсистирам да покажат длабоко каење, како што и рекоа на судот.
Добија условни казни наместо затворски. Во ред. Но ако навистина се свесни за вината би било добро тоа да го споделат со младите во училиштата. Кога би слушнал искрено да зборуваат за злото кое го направиле, би бил сигурен дека тоа и го сфатиле.
Кога на ваков трагичен начин ќе ја загубиш ќерката треба да пронајдеш мотив секое утро да станеш од кревет. Јас три месеци немав сила да ги отворам очите. После тоа реков дека Каролин не смее да остане само една црта во црната хроника, на која ќе се заборави по читање. Затоа денес живеам за сите Каролини кои не ги познавам а на жалост се наоѓаат од другата страна на интернетот."
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
