Потресни зборови на таткото на Барбара: „Плукнете врз себе кога се гледате во огледало“
На својот Фејсбук профил Ендре Витез, таткото на исчезнатата Барбара објавил потресен статус по повод 6 месеци од нејзиното исчезнување.
-„Денес е шести месец како нашата ќерка Барбара Витез исчезна поради „другарите“ Нејзините другари, другарки, школски врсници, сите кои ја знаат, а молчат, гледајте се во огледало заедно со вашите родители и плукнете врз себе. Што ви згреши Барбара? Што лошо ви сторивме па ова ни го направивте? Ако сте вакви луѓе, какви ќе ви бидат потомците. Можам само да ги жалам однапред идните генераци. Дали еден ден ќе зборувате со вашето семејство за Барбара? Засрамете се, како можете да живеете и да се веселите, а да знаете нешто што требало да кажете? - напишал Ендре.
Да се потсетиме, Барбара исчезна на 25 ноември 2016 година, а според нејзините другари, таа се лизнала од конструкцијата на столбот и паднала во река. Нејзиното тело не е пронајдено до ден денес, а родителите добиле анонимно писмо во кое е наведено дека таа кобна вечер на роденденската забава на девојчето му е ставено опојно средство, по што е однесена на мостот каде била злостаувана, па фрлена во вода.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола