-->
-->
Потресна приказна: И го спасил животот кога имала пет години, 18 години подоцна таа направила нешто неверојатно!
-->
Пензионираниот американски офицер Петар Гец, кој во јуни 1998 година и го спасил животот на петгодишната Џосибелк Џоси Апонте, повторно се сретнал со неа, но овој пат причината била друга.
Џосибелк имала пет години кога се запалил станот во кој живеела со вујко и. нејзината мајка во тој момент била на работа. пожарникарите од Хартфорд успеале да ја влезат во зградата и да ја извадат.
- Џоси не дишеше, немаше ниту пулс кога ја извадија од зградата. Веднаш ја земав во раце и го започнав процесот на реанимација, - се сеќава Гец.
Откако влегле во автомобилот тој продолжил сореанимацијата, а неговиот колега ги однел до најблиската болница.
- Почна да дише во моментот кога ја внесувавме во болница, - изјавил Гец за CNN.
Нејзиниот вујко починал од изгорениците здобиени од пожарот.
- За малку ќе умрев, но дадена ми е втора шанса за живот, а ја добив благодарение на Петар и останатите пожарникари, и сите оние кои тој ден дојдоа да помогнат, - изјавила Џоси.
Петар посочил дека фотографијата на која ја носи Џоси во раце е покриена со пепел и со години ја чувал на своето биро на работа.
- Го следев нејзиното образование, за да се уверам дека се е во ред, - рекол Гец.
Пред две години тие двајца повторно се сретнале, а Петар и кажал детали за пожарот во далечната 1998 година. Џосибелк дипломирала
на постдипломски студии на Универзитетот во Конектикат.
- Сакав овој среќе момент да го споделам со сите кои ми значат во животот, а меѓу нив е и Петар, - изјавила Џоси.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
