Потребна помош за семејството Митриновски од Пехчево чија куќа синоќа изгоре во пожар

Синоќа околу 23:30 часот по претходна дојава, Територијалната противпожарна единица од Берово учествувала во гаснење на пожар на семејна куќа во градот Пехчево. Според информациите на командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Зоран Ајтовски, во пожарот учествувале две противпожарни возила со шест пожарникари.
– Се работи за пожар во кој изгоре куќа на улица „Пиринска“. Куќата е градена од тули и градежен материјал што е лесно запаллив. Пожарот бил доцна забележан и пријавен при што во моментот на пристигнувањето на нашата екипа поголем дел од куќата беше зафатена од пожар. За среќа, луѓето кои живеат во куќата се извлечени навреме, а со брзата интервенција спасени се и околните куќи, соопштува Ајтовски.
Според непотврдени информации, причината за пожарот била старата електрична инсталација, но истрагата допрва треба да утврди која е вистинската причина за пожарот што ги остави без покрив над главата семејството Митриновски од Пехчево.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
