Потпишување заедничка декларација на царинските служби од Западен Балкан
Неформален состанок на директори на царински управи од Западен Балкан денеска и утре ќе се одржи во Скопје.
Целта на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година, на кој присуствуваа шесте премиери од Западен Балкан и лидерите на Германија, Франција и Италија. За време на Самитот изготвен е повеќегодишен акциски план, чијашто цел е справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји.
Во рамки на настанот, предвидено е директорите на царинските управи од Западен Балкан да потпишат Заедничка декларација како потврда за посветеноста на царинските служби за имплементација на Повеќегодишниот акциски план и подобрување на соработката помеѓу царинските служби од регионот во насока на создавање на Регионална економска област и зајакнување на напорите за зачленување во Европската Унија
Ново на Сител
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице