Македонија
30. March 2023 - 9:00

Потпишување Протокол за соработка меѓу републичкото Јавно обвинителство и МВР

 Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи денеска ќе потпишат Протокол за соработка.

На потпишувањето на Протоколот најавено е обраќање на амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на претседателот на Здружението на јавни обвинители, Елвин Вели.

Протоколот е иницијатива на Здружението на јавните обвинители, која се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.