Потпишани договорите, домашната платежна картичка преку девет банки

Домашната платежна картичка ќе се издава преку девет банки. Договорите се потпишани со НЛБ Тутунска Банка, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална бака, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска банка, УНИ банка, Централна кооперативна банка и Силк Роуд банка.
Домашна платежна картичка на корисниците ќе им ја издава банката преку која примаат плата или преку која им е извршена последната трансакција доколку лицето има повеќе картички.
Од Министертвото за финансии појаснуваат дека ако лицето нема трансакциска сметка во една од деветте банки со кои се потпишани договори, по пат на фер распределба ќе биде распределено во една од банките и ќе му биде отворена сметка и ќе му се издаде картичка. Владата ќе ја врши оваа распределба, по фер принцип.
За домашна платежна картичка не се аплицира. Граѓаните не треба ништо да прават, самата банка ќе ги контактира и домашната платежна картичка ќе им биде доставена на домашна адреса или ќе бидат повикани да ја подигнат од банката. Граѓаните ќе можат наскоро да проверат дали се на листата корисници, откако истата во следните денови ќе биде поставена на сајтот kupuvamdomasno.gov.mk.
Листата сите граѓани кои ги исполнуваат условите за да ја добијат картичката ја изготвуваат соодветните институции, односно Управата за јавни приходи, МОН и ФЗО.
Корисници на домашни картички се: граѓани со низок доход, во кои спаѓаат приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето доход до 180.000 денари во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари.
Вработени со низок доход,односно лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари.
Картичка од 3.000 денари ќе добијат и млади лица, односно лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.
Здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19 кои опфаќа ваботени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување граѓани заболени од КОВИД-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40 отсто од основната нето плата.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
