Потпишан договор за Регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали во Пробиштип
Директорката на Центарот за развој на Источен плански регион, Драгица Здравева и градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов денеска потпишаа договор за изградба на Регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали во Пробиштип.
Градоначалникот на Пробиштип, Анастасов вели дека изградбата на овој единствен музеј во земјава ќе чини 12.542.612 денари, од коишто Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој доделуваат 7.625.041 денари. Општина Пробиштип, пак, од својот буџет ќе издвои 4.917.517 денари.
– Со изградбата на Регионален туристичко-научен музеј минеролошката збирка добива соодветен простор за изложување, но со ова се придонесува за зголемување на туристичката понуда на општината, вели Анастасов.
По потпишување на договорот веќе наредната недела се очекува да стартуваат и градежните работи, а рокот за изградба е четири месеци. Музејот ќе биде лоциран спроти зградата на Општина Пробиштип, а во него ќе биде изложена постојната минеролошка зборка, која сега е поставена во една од просториите на Домот за култура „Злетовски рудар“, а по изградбата на музејот оваа зборка ќе биде и збогатена. Градоначалникот Анастаов изрази благодарност до Центарот за развој на ИПР, Бирото за рамномерен регионален развој и Владата за поддршка на проектот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница