Потпишан Договор за директен пристап до кинескиот пазар

Компаниите од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ќе имаат можност за директен пристап до кинескиот пазар кој брои преку милијарда потрошувачи.
Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што на средбата во Пекинг го потпишаа претседателот на ССК Данела Арсовска и потпретседателот на All-China Federation of Industry and Commerce (ACFIC) Кији Ан.
ACFIC има над четири милиони членови и се смета за најмоќната комора во Кина.
- Со овој договор ќе овозможиме зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании во Кина. Исто така, тоа ќе значи и полесен пристап на кинеските коорпорации кои гледаат потенцијал во Македонија како дестинација за инвестирање поради добрите услови кои се нудат и нашата стратешка поставеност како центар со лесен пристап до европскиот пазар, изјави Арсовска.
Според неа, сите компании кои размислуваат како да ги пласираат своите производи во Кина или им е потребна поддршка при увоз, ќе имаат можност да го искористат бенефитот од добрите релации воспоставени со најмоќната кинеска бизнис организација.
Делегацијата на Сојузот на комори во рамки на официјалната посета на Пекинг, учествуваше и на бизнис форум на кој од страната на македонски владини претставници беа претставени можностите за инвестирање и потенцијалите за соработка. На форумот се остварија и Б2Б средби меѓу македонските и кинеските компании.
Според обемот на трговска размена, Кина е меѓу првите десет трговски партнери на Република Македонија. Во првите девет месеци од годинава вкупниот извоз на македонските производи на кинескиот пазар достигна 124 милиони американски долари што е за 2,5 пати повеќе во однос на истиот период лани, а увозот на кинески производи на нашиот пазар изнесува 273 милиони долари. Според Државниот завод за статистика на Македонија, најпродавани македонски производи во Кина се вино, мермер и преработки од месо.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
