Балкан
5. July 2018 - 10:37

Потоп во Босна: Страшна бура ги поплави куќите во Сребреник, улиците се претворија во реки

Големо невреме вчера попладне го зафати подрачјето на Сребреник во Босна и Херцеговина.

Поради дождот, површинските води поплавија неколку градски улици како и преземјето на повеќе станбени објекти во градот.

Тешка состојба беше забележана во приградските населби Бари, Бабуновиќи и Кисељак, каде се појавија надојдени води.

Во населбата Бабуновиќи се поплавија подоземните производствени погони на фабрика за мебел, а поради површинските води привремено е во прекин и дел од сообраќјот на регионалниот пат Сребреник - Бабуновиќи - Грачаница.

Површинските води продреа во голем број станбени објекти и во повеќето останати населби на подрачјето на оваа општина, а надојдената вода ја оштети и локалната патна мрежа.

На терен работеа припадници на Штабот за цивилна заштита и пожарникари кои ја испумпуваа водата од поплавените куќи и објекти.