Потенцијали за развој на руралниот туризам во Струга

Поддршка за развој на руралниот туризам во струшкиот регион и прикажување на убавините на Струга и околината е целта на проектот „Промоција на потенцијалите за развој на руралниот туризам - Рурална Струга“ што го реализираа здружението „Рурбанкулт“ во партнерство со здружението „Езерка“.
На презентацијата на проектот беа прикажани видео записи за пет струшки села, кои имаат потенцијал за рурален туризам, меѓу кои се Горна Белица, Радожда и Вевчани. На промотивните видеа можеа да се забележат голем број странски туристи, што ја прикажува заинтересираноста за руралниот туризам и искористувањето на природното богатство во Струга и струшко.
Претседателот на мрежата за рурален развој на Република Македонија, Петар Георгиевски смета дека во струшкиот регион има локации кои се непознати, особено за туристите што доаѓаат во летниот период, но и во текот на целата година.
- Локациите беа прикажани преку видео материјал од кој може да се доловат сите убавини, каде што сите вљубеници во планинарењето, природата, па дури и екстремните спортови може да ги користат и да уживаат, рече Георгиевски.
Изрази надеж дека промоцијата ќе побуди интерес не само кај туристите, туку и кај локалните самоуправи за подобрување на инфраструктурата и пристапноста и за проширување на понудата.
- Покрај во убавините на Охридското Езеро, туристите се заинтересирани да видат и уживаат и во планините, кои изобилуваат со прекрасни шуми, реки, чист воздух што е и можност да останат што подолго тука. Луѓето што живеат таму може да егзистираат со нудење на сместувања, локални специјалитети карактеристични за овој крај. Сметам дека тоа треба да се искористи, нагласи Георгиевски.
Според Благица Попоска од невладината „Езерка“ проектот ќе овозможи промоција на културните вредности и убавините на рурална Струга, која изобилува со многу убавини и природни реткости, како и јакнење на капацитети и развој на руралниот туризам.
Зоре Кленкоска од здружението „Рурбанкулт“ најави и други вакви проекти за промоција на убавините и природните богатства во Струшкиот регион.
- Планираме да работиме и понатаму не само со промотивен материјал, туку и со конкретни активности околу поврзување на месното население со туристичките оператори, но и со туристите, домашни и странски, рече Кленкоска.
Проектот „Промоција на потенцијалите за развој на руралниот туризам - Рурална Струга“ е поддржан од мрежата за рурален развој на Македонија и проектот на УСАИД Адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
