Постојано им се восхитуваше на моите гради: Ова е девојката со која пијаниот Руни ја изневери бремената сопруга
Англиската фудбалска легенда Вејн Руни ја искористи паузата во англиското првенство за да се забавува, но целата работа заврши мошне лошо за него.
Не само затоа што во четвртокот навечер бил уапсен од полицијата поради возење во пијана состојба, туку и затоа што во тие моменти со него во автомобилот била женска личност. Се работи за извесна Лора Симпсон која била на истата маса со Руни, а потоа заминала со фудбалерот.
Можеби целата работа ќе била скриена од јавноста, но самата Симпсон ја објавила за Сан.
-Постојано им се восхитуваше на моите гради, прашуваше дали се вистински. Се бакнувавме и гушкавме, безопасна забава. Потоа го напуштивме барот, јас повикав такси, но Вејн се понуди да ме однесе дома. Не делуваше дека е толку пијан, јас бев повеќе. Возеше нормално, но се појави полицијата и тој застана среде улица, изјавила Симпсон.
Да биде приказната повозбудлива, деновиве сопругата на Руни, Колин која е бремена не е дома, туку е во Мајорка.
Ново на Сител
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта