Постигнат компромис со Унгарија за деблокирање на помошта на ЕУ за Украина
Синоќа беше постигнат компромис за распределбата на средствата на Унгарија од ЕУ, со што се овозможи укинување на резервите на Будимпешта за доделување 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина во 2023 година, соопшти чешкото претседателство со Советот на Европската унија.
„Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ начелно гласаа за помош од 18 милијарди евра за Украина, минимален данок од 15 отсто за големите компании, одобрување на планот за закрепнување на Унгарија и договор за условите“, соопшти чешкото претседателство на својот Твитер профил.
„Пакетот ќе биде потврден со писмена процедура“, прецизираше претседателството. Постапката ќе биде покрената в среда, изјави дипломатски извор.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да ја даде согласноста на Унгарија да ја обезбеди оваа макрофинансиска помош за Украина доколку унгарскиот план за закрепнување и кохезионите фондови наменети за неговата земја бидат блокирани од нејзините партнери.
Будимпешта, исто така, одби да се согласи на минимален данок од 15 проценти за големите компании.
Договорот постигнат синоќа е де факто отфрлање на Европската комисија, која препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра од средствата на ЕУ наменети за Унгарија, со оглед на тоа дека последните реформи што ги усвои Будимпешта за борба против корупцијата се уште не се доволни.
Исплатата на 5,8 милијарди евра од планот за економско закрепнување презентиран од Будимпешта исто така беше суспендиран во очекување на спроведувањето на реформите за владеење на правото.
Земјите-членки ги зедоа предвид последните мерки усвоени во средата од унгарскиот Парламент за исполнување на условите наметнати на Унгарија.
Со компромисот постигнат синоќа се намалуваат замрзнатите европски средства на 6,3 милијарди евра.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
