Постигнат договор за специјален јавен обвинител

Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија ќе биде специјален јавен обвинител, обврска од договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Тоа, како што објавија дел од медиумите, го договориле рано утрово работните групи на политичките партии.
Инфомацијата ја потврди и потпретседателот на Собранието и член на работната група на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој на својот Твитер профил околу 5 часот утринава напиша „Постигнат е договор: имаме обвинител“.
Согласно договорот од Пржино, рокот за избор на специјален јавен обвинител кој ќе ги истражува случаите „Пуч“ и „Прислушување“ истекува денеска.
Според информациите, законското решение за специјалниот обвинител уште денеска ќе се најде во Собрание, иако досега на собраниската веб страница не е најавена пленарна седница.
Со изборот на специјален јавен обвинител ќе се испочитува уште една обврска од договорот за надминување на политичката криза во Македонија. Претходно согласно договореното, опозицијата предводена од СДСМ на 1 септември во Собранието на Република Македонија. Со Договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори. Предвидено е на 20 октомври да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
