Постигнат договор за климатски неутрална Европа

Европските лидери на самитот во Брисел постигнаа договор за климатски неутрална Унија до 2050 година.
Маратонските разговори на претседателите на држави и влади од ЕУ, кои траеја до денеска по полноќ како приоритет го имаа договорот за постигнување нулта емисии на штетни гасови во земјите од Унијата.
Планот за „климатски неутрална Европа“ веднаш го поддржаа 25 членки, додека Полска, Унгарија и Чешка своите потписи ги условуваа со дефинирање датум, трошоци и начин на декарбонизација.
Едно од прашањата околу кои се водела дискусија меѓу земјите ќленки е можноста поголемиот развој на нуклеарна енергија во Европа да ги замени енергетските извори кои најмногу ја загадуваат животната средина предизвикувајќи ефект на стаклена градина.
Освен разговорите за климата, лидерите на ЕУ брзо се согласија околу продолжувањето на европските санкции против Русија.
Во текот на вечерата во Брисел, лидерите го разгледаа и буџетот на ЕУ за следните седум години и го овластија претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да „ги продолжи преговорите со цел финализирање на договорот за буџет“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
