Постхумно објавена поетска книга од Науме Радически
„Македоника литера“ постхумно ја објави поетската книга „Времепрашина“ на Науме Радически (1953-2014). Таа е шеста поетска книга на Радически кој зад себе остави богат творечки и научен опус од областа на книжевноста и книжевната историја.
Книгата содржи повеќе од седумдесет песни кои се поделени во три циклуси, од кои најобемниот е насловен „Песни во настанување“ и ги содржи последните напишани песни на авторот.
Во книгата е објавен и поговор на Владимир Мартиновски, кој, меѓу другото, пишува: „Воведувајќи заумен поетски неологизам, македонскиот поет, теоретичар, есеист и преведувач Науме Радически (1953-2014) со постхумно објавениот поетски ракопис Времепрашина нè води кон една друга загадочна геопоетичка врска, онаа меѓу времето и земјениот елемент, симболизиран преку прашината која плови во воздухот. За овој поет, прашината прераснува во симбол на поминатото време, на наталоженото историско искуство...“
Радически беше редовен професор по современи јужнословенски литератури на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Неговата уметничка, критичарска и научноистражувачка актива беше разновидна: поезија, литературна и ликовна критика, литературна историја, есеистика итн. Поедини негови поетски творби, критичко-есеистички текстови и статии од литературната наука се преведувани на други јазици, а и самиот преведуваше од други јужнословенски литератури.
Добитник беше на наградата на Културно-просветната заедница на Македонија, на наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија и на државната награда „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог