Поставена плоча кај Гајре во чест на загинатите петмина армиски бранители во 2001 година
Се одбележаа 20 години од нападот и убивањето на петмина армиски бранители кај тетовското село Гајре на патот од Тетово кон Попова Шапка. Почит им беше оддадена од Одборот на бранители, Армијата, претставници на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и навивачката група Војводи. Беше поставена плоча со имињата на загинатите бранители покрај која се положи цвеќе.
– Тој ден безмислосната рака на злото вечно го зацрни ова место. Докажаа дека името, презимето и националноста, не го чинат човека, туку почитта и лојалноста кон своето, кон нашето заедничко. На дваесет годишнината од загинувањето сведочиме за несебичниот однос кон повикот на татковината и нејзината агресија на тероризмот.Тоа не обврзува да не ги заборавием бидејќи тие ги дадоа животите за наше подобро утре, а тоа е најмногу што може еден човек, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
Според него, 20 години подоцна бранителите од државата се запоставени.
– Иако бранителите беа повикани од државата да ја бранат и според мене успешно ја одбранија не жалејќи ги животите вргадувајќи ги во темелите на денешнината. Нивните рожби сега веќе оформени граѓани на оваа наша татковина се прашуваат зоштио нивните родители ги оставиле своите млади животи, жртвувајќи го животот. Бранителите се надеваат дека ќе дојде политичка гарнитура која ќе ги вреднува придобивките од она што го постигнаа бранителите и ќе им се даде местото што заслужено го имаат во општеството, истакна Најдов.
Во 2001 година загинаа Исак Руфати од тетовско Одри, Влатко Миленковски и Благојче Сиљанов од Битола, Пеце Матичевски од битолско Новаци, Кољо Китанов од струмички Сарај.
Ново на Сител
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди
-
Таравари: За неколку директори правиме евалуација,за тоа како водат, колку стручно и компетентно
-
Жителка од Велешта една година крадела струја во стан во Струга
-
Караванот „Зимска новогодишна бајка” на Државна лотарија шири магија низ Скопје
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје