Поставена платформа и гнезда за гнездење на царски орли на 400 kV далекувод
Електромонтерите на МЕПСО во соработка со активисти на ЗПП „Аквила“ и на Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска (20 октомври 2015 година) поставија платформа и гнездо за гнездење на на царскиот орел (Aquila heliaca) на челично-решеткаст столб од 400 kV далекувод од Штип до македонско-бугарска граница. Столбот на кој е поставена платформата е во околината на Штип, а во рамки на овој проект финансисан од англиската фондација „Rufford Foundation“ ќе бидат поставени нови гнезда на уште 4 други платформи кои досега се поставени на трасата на далекуводот.
- Во изминативе три години МЕПСО и екологистите поставија над 20 платформите на високонапонски далеководи (400 kV) на потегот Сојаклари-Долно Караслари (велешко) и на потегот Чардаклија – Стрмош (Овче Поле). Интенција на управниот одбор на МЕПСО е секогаш со сите расположливи ресурси да помага граѓански иницијативи кои се однесуваат на заштита на животна средина, флора, фауна и на зајанување на општествено корисни практики, рече Никола Стојанов, портпарол на МЕПСО.
Платформите претставуваат замена за природните гнезда на царските орли коишто главно гнездат на стари дрва. Овие птици поради сечење или гниење на старите дрва, често се принудени да ги градат своите гнезда на високонапонските далекуводи (110kV и 400kV). Популацијата на царскиот орел којшто е преселен вид и живее на степски и отворени подрачја, бележи благ пад на национално ниво. Неговиот број во Македонија е намален и како последица на усмртување од електричен удар (електрокуција), труење и намалување на достапните извори на храна (глодари, влекачи и мрши од депонии).
- Република Македонија е една од ретките европски земји каде што сеуште има стабилна и релативно голема (ако се земе во обзир големината на територијата), популација на Царски орли (Aquila heliaca). Ова е глобално загрозен вид и се во црвените книги на видови во исчезнување на европско и светско ниво. Кај нас, како и во сите европски земји каде што се среќаваат, Царските орли се заштитени со закон и се превземаат сериозни мерки за зачувување на постоечката популација.Последниве години заради недостаток на погодни дрва за гнездење царските орли своите гнезда се почесто ги прават на високонапонските далекуводи. Оваа појава е исто така присутна и во Унгарија и Бугарија. Една од основните конзерваторски мерки за зачувување на видот е обезбедување на доволен број погодни места за размножување, истакна Емилијан Лисичанец, екологист од кавадаречкото здружение ЗЗП „Аквила“.
Со превземените мерки очекуваме да се зголеми гнездечката популација на Царки орли во Македонија со што реално би биле лидер на Балканот.
Оваа активност досега се спроведуваше во рамки на проектот “Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македониja”, спроведуван од Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЗПП „Аквила“, а финансиран од Conservation Leadreship Programme (заедничка програма на Birdlife International, Conservation International, Fauna and Flora Internatiuonal и WildLife Society.)
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ