Постарите од 40 години треба да работат само три дена неделно
Работата може да ги стимулира мозочните клетки, но нема да има ист ефект ако имате 30 или 40 години. Една студија покажала дека луѓето кои имаат 40 и повеќе години, најпродуктивни се ако работат три дена неделно.
„Во средната возраст, скратеното работно време може да биде ефикасно од повеќе причини, но прво поради одржување на здрава когнитивна способност“, истакнува професор Колин Макензи, еден од авторите на студијата.
Дека тридневната работна недела е идеална за работниците постари од 40 години, потврдуваат и други истражувачи на таа студија.
Имeно, кај учесниците на експериментот, когнитивниот учинок на луѓето на средна возраст прво бил подобрен затоа што работната седмица е зголемена до 25 часа неделно. Но, кај оние кои работеле повеќе од 25 часа вкупниот учинок е намалчен поради зголемена исцрпеност и стрес.
Во експериментот учествувале 3.000 мажи и 3.000 жени од Австралија и биел изложени на серија когнитивни тестови, а истовремено биле следени нивните работни навики.
Било утврдено дека најдобро одговориле на обврските оние кои работеле 25 часа неделно, додека другите кои работеле 55 часа, покажале многу лоши резултати, дури и полоши од учесниците кои биле во пензија, или биле невработени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај