-->
-->
Постапки за непочитување на полицискиот час против 29 струмичани
-->
Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите, во периодот од 14 до 20 април, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.
Надлежното обвинителство на Основниот суд Струмица му предложи да изрече парична казна за секој од обвинетите во износ од 50 дневни глоби од по 10 евра, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.