Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија

Нова книга за Дејвид Боуви открива до каде одел за да ја скрие својата терминална болест од јавноста – пред да почине во 2016 година. Според биографијата „Лазарус: Второто доаѓање на Дејвид Боуви“ (‘Lazarus: The Second Coming of David Bowie‘), се чини, на британскиот пејач му бил дијагностициран рак на црниот дроб во 2014 година, а во ноември 2015 година му било кажано дека болеста е неоперабилна.
Легендарниот пејач почина на 69-годишна возраст во јануари 2016 година по борба со ракот што ја држеше вон интересот од јавноста. По 10 години, најблиските до него се сеќаваат колку биле шокирани кога ја дознале вистината, откако работеле со него на новиот, последен албум и сценска претстава само неколку месеци претходно. Исто така, се наведува дека пејачот имал „среќа што преживеал“ инцидент неколку години пред својата смрт.
Дијагнозата на Боуви го инспирирала неговиот последен албум „Блекстар“ (‘Blackstar‘ или ‘Црна ѕвезда’) и придружната сценска продукција „Лазарус“. Пејачот ја чувал својата здравствена состојба во тајност, кажувајќи им само на неколкумина. Меѓу тие малкумина е и режисерот на „Лазарус“ – Иво ван Хове, кој рече дека „никој во екипата не знаел ништо бидејќи Боуви доаѓал само кога се чувствувал добро“, но „видел скршен човек во неговите очи“, пишува „Индипендент“.
– Кога ме погледна, во неговите очи видов длабоко загрижен човек, засегнат за смртта, но и за тоа што го оставил своето семејство зад себе, додаде ван Хове.
Ирскиот драматург Енда Волш, со кого Боуви го напишал „Лазарус“, рече дека пејачот многу добро ја скрил својата дијагноза. Тој наведува дека летото 2014 година славниот пејач бил во совршено добра, во одлична форма. Тапанарот Закари Алфорд, кого Боуви го ангажирал да работи на четири нови демо снимки, вели оти не знаел, но тврди дека забележал „тежина на плеќите“ кај својот пријател.
– Му се ближел крајот, но сè уште немав поим дека е болен, додаде Алфорд.
Кога ги снимал песните за „Блекстар“, многу луѓе не сфатиле дека музичарот е болен, иако бил на хемотерапија. Тој ја скрил ќелавата глава со капа.
Меѓу ретките луѓе на кои Боуви им ја открил својата болест бил и режисерот Јохан Ренк, бидејќи пејачот не бил сигурен дали ќе може да направи музичко видео за насловната песна од албумот. Според Ренк, Боуви му рекол „Многу сум болен и веројатно ќе умрам“, во ноември 2014 година.
Во новата биографија се тврди дека анонимен член од внатрешниот круг на Боуви потврдил дека тој имал здравствени проблеми „во последните 10 години пред неговата смрт“, коишто проблеми понекогаш биле и премногу сериозни.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
