Последниот Евреин го напушти Авганистан
Последниот Евреин во Авганистан, 62-годишниот Зебулон Симанатов, најпосле го напушти Авганистан откако талибанците ја преземаа контролата врз земјата минатиот месец.
Симанатов ја преминал границата со соседната земја минатиот викенд, јави денеска израелскиот јавен сервис Кан.
Емитувани се и снимки од петдневното патување и спасување на Симанатов, заедно со десетици деца и жени.
Тој долго време одбиваше да го напушти Авганистан и покрај заканите, но по целосното повлекување на САД од земјата на крајот на август, притисокот растеше да замине и тој, јави Бета.
Бизнисменот Моти Кахана, кој има израелско и американско државјанство, рече дека одлуката за заминување била под влијание на соседите кои му рекле на Симанатов да си замине и да ги земе своите деца, бидејќи и тие се во опасност.
Кахана води приватна компанија која му помогна на последниот Евреин да го напушти Авганистан.
– Неговиот проблем не се талибанците, туку Исламска држава, Ал Каеда. Во неговиот случај, постојат и други лудаци кои се појавуваат секој ден. Се плаши од нив, рекол Кахана за Кан.
Ново на Сител
-
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија