Последната фотографија од Амди Бајрам
Амди Бајрам поранешниот пратеник и политичар, ненадејно почина на 64-годишна возраст.
Бајрам починал во клиниката „Жан Митрев“ поради проблеми со срцето.
Пред само неколку дена, на 18 октомври Амди Бајрам направи свадба за внуката Перихан во Истанбул.
Свадбата се случи на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија. Видеа од свадбената веселба на својот Фејсбук профил објави синот на Бајрам, Габриел.
Неодамна, Бајрам изјави дека изминатиов период за него е многу тежок со оглед на тоа дека му била извршена ампутација на едната нога.
„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката мислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам. “ – кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди Бајрам во април годинава.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива