Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
Голема комета, чијашто јачина на светлината би можела да биде највисоката во овој век воопшто, последниве недели му се приближува до Сонцето и брзо го привлече вниманието на астрономите и истражувачите ширум светот.
„Ц/2023 А-3“ позната како Цучиншан-АТЛАС или скратено „А-3“, беше откриена во јануари 2023 година. Се работи за голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови на Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето. Се смета дека тој содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања.
Се проценува дека „А-3“ последен пат била близу Земјата пред околу 80.000 години, во праисторијата.
Кометата веќе може да се види од Европа. Има два клучни периоди за набљудување од Земјата:
На почетокот на октомври 2024 година, кометата ќе се појави на исток, ниско на хоризонтот, пред изгрејсонце. Но овој период ќе биде потешко таа да се види.
Периодот од средината до крајот на октомври ќе биде најдобар за набљудување, кога вселенското тело ќе се појави на запад, веднаш по зајдисонце. Оддалеченоста од Земјата ќе биде околу 71 милион километри. Астрономите очекуваат дека, доколку условите се соодветни, ќе биде доволно светло за да се види и со голо око, или барем со двоглед. Ваква можност, Земјаните имаат само еднаш во 80.000 години, според стручњаците.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила