-->
-->
После оваа фотографија животот му се претворил во пекол - Погледнете што „уловил“ на неа
-->
Еден маж кој бил во шумската област во Квинсленд, снимил фотографија од која би ги полазиле морници и најхрабрите.
На неа откако ја развил забележал нешто што личи на дух во човечки облик, а тоа не би го шокирало толку ако цело време немал чувство како некој таму да го набљудува, пишува Daily Mail.
Фотографијата на Фејсбук ја објавила група која се занимава со „лов на духови“, ’Toowoomba Ghost Chasers’, а нејзините членови наведуваат дека се чини дека магловитиот облик е проќелав маж со кратка брада, а на себе носи црвен џемпер и стои крај големиот куп гранки.
„Ова со нас го сподели член кој бил во мочурливата област која е позната по самоубиства“, напоменуваат од групата и велат дека тој им раскажал дека на тоа место „добил ужасно чувство дека некој го набљудува“.
„После тоа ги проверивме сите фотографии кои таму ги снимил и наидовме на оваа глетка“, раскажуваат.
Членовите на групата која се занимава со барање на присуство на духови, велат дека планинарите често наминуваат во оваа област, но дека е необично таму да се најде некој облечен во црвено. Исто така, членот кој ја снимил фотографијата вели дека „има чувство како нешто да го прогонува“.
„Од тој ден неколку пати го почувствував тоа морничаво чувство, на пример кога одам по улица имам чувство дека нешто ме следи и дека секој момент ќе ми скокне зад дрвата“, пренесува Daily Mail. На објавата има коментари од многумина кои веруваат дека станува збор за дух, а некои претпоставуваат дека станува збор за личност која си го одзела својот живот во оваа област.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото
-
Шпанската крајбрежна стража спасила над 230 мигранти кај Канарските острови
-
Лавров: Изјавите на Бајден за намалување на нуклеарното вооружување без предуслови се измама
-
Нетанјаху во разговор со Трамп: Ќе носиме одлуки во наш национален интерес
-
Наутро со можна појава на магла, а преку ден претежно сончево
-
Сообраќајот без застои