После низа обиди конечно забременила: А потоа лекарот им кажал дека направил ужасна грешка
Каролин и Шон од САД, Охајо, имале двајца синови, но очајно сакале и ќерка, па се одлучиле да направат вештачко оплодување, после неколку неуспешни обиди и спонтани абортуси.
Така лекарот со неколку замрзнати сперматозоиди ја оплодил Каролин, па си заминале дома за да ги почекаат резултатите.
- Бев во канцеларија , кога ми се јави лекарот и ме праша дали може да разговараме, но бев уверен дека се работи за тоа дека Керол е бремена- рекол Шон, но кога стигнале таму лекарот им кажал дека Керолин е бремена, но по грешка на лекарите во неа е ставен ембрион од друг пар, во суштина таа носела туѓо дете.
После првиот шок, двајцата повторно се состанале до докторот, кој им предложил абортус како најдобро решение и му кашале дека одлучиле да го роди бебето.
- Веднаш знаев дека не доаѓа во предвид да абортирам, иако како што ни појасни докторот, детето после раѓање мораше да биде предадено на биолошкото семејство, се решив да го родам зошто тоа беше логично решение- рекла Керол.
- Се трудевме тие девет месеци да не мислиме на болката и збогувањето со бебето. Кога се роди, 4 недели порано со царски рез, го подрѓавме само неколку минути и веднаш требаше да се потпишат документите за да се предаде бебето на биолошките родители- се присетуваат Керол и Шон.
-Беше многу тажно и болно, но барем имам мирна совест. Важно е дека Логан е е добро и кога малку ќе порасне ќе му објасанм дека тој за мене не беше никаков терет, туку дар од Бог, за нас и за неговите родители- заклучила таа.
Оваа приказна го обиколи светот, а за Шон и Керол сепак има среќен крај. Во 2011 таа зачнала со близнаци кои се родени живи и здрави.
Ново на Сител
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип