Живот
4. July 2017 - 9:44

„Посланието на Александар Македонски до Словените“ поместено во „Чешката хроника“ од 1541

Фамозното средновековно „послание на Александар Македонски до Словените“ е пронајдено и во „Чешката хроника“ на познатиот чешки просветител Вацлав Хаек од 1541 година, пишува порталот „Суене“.

Се работи за напис за кој, со извесни варијации, отстапувања и измени, повеќе хроничари од словенските средновековни земји велат дека е препис на тестаментот на Александар Македонски - „покорувачот на кралстватаперсиски, грчки, сириски и вавилонски“.

Според порталот, има повеќе верзии на текстот, кој се наоѓа во повеќе средновековни извори. Но, за сите нив е заедничко тоа што, македонските кралеви Александар и Филип му се обраќаат на својот „просветен венетски (словенски) народ“, оставајќи им ги во наследство „земјите помеѓу Јадранското Море и Северниот Океан“.

Ова писание е поместено и во книгите на дубровчанецот Мавро Орбин, Полјаците Марцин Бјелски, Бартош Папроцки и други словенски средновековни историчари.