Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 76, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 71 денар за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,856 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,913 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемувањекај бензините во просек за 2,849 отсто, кај дизелот за 2,319 и кај мазутот за 3,433 отсто, додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,05 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0034 отсто.
МИА
Ново на Сител
-   
          

Кина ги негира тврдењата на Трамп за нуклеарните тестови
 -   
          

Кривична за 49-годишен тетовец, преку социјални мрежи упатувал закани кон новинарка
 -   
          

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
 -   
          

Усмртен велосипедист на мостот „Гоце Делчев“
 -   
          

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
 -   
          

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
 -   
          

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
 -   
          

Костадин Ацевски поднесе оставка во СДСМ, го повика Филипче и целото раководство да го стори истото
 
