Поскапуваат горивата, ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 %, кај дизелот за 4,784%, кај екстра лесното масло за 4,793% и кај мазутот има зголемување за 1,892%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 ден/кг и сега ќе изнесува 41,079 ден/кг.
Од 11.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,079 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.4.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено