Поскапуваат горивата – „еуросупер 95“ за три, а „еуросупер 98“ и еуродизелот за 2,5 денари
Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголемува за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар па „еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.
Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за
околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата.
Ново на Сител
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
-

Марко Рубио оствари средба со министрите од Г7 за конфликтите што го загрозуваат светскиот мир
