Поскапуваат бензините
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45% во однос на одлуката од 14.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,608% , кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,605% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,130%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,507 %.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,585 ден/кг.
Од 18.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 81,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 83,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 72,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 42,369 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ