Поскапуваат бензините, цената на дизелот иста

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,552 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 38,395 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот за 4,142 отсто и кај дизелот за 0,066 отсто, како и за 0,343 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
