Поскапува и водата?

Од први јануари дел од граѓаните ќе пијат и поскапа вода. Регулаторна комисија сеуште ги прави пресметките. До 15 номеври треба да излезе новиот тарифник каде ќе биде утврден максимумот до кој ќе може да се движат цените. Но крајниот збор за тоа колку ќе чини водата ќе го имаат општинските совети.
Засега регулаторна не открива во кои општини ќе има зголемување, но потврдија дека многу од нив побарале поскапување. Главно тоа биле помалите општини кои со години немаат направено инвестиции.
Од први јануари новиот тарифник за вода ќе треба прво да го воведат општините со над 10 илјади жители, а од 2019 нови цени ќе добијат и помалите општини.
Во моемнтов најевтина вода или 10 денари за метар кубен плаќаат во Гевгелија, Дебар, Неготино. Во Скопје плаќаат по 17 денари, а најскаша е во Струмица, Кочани и Велес 30 денари за метар кубен.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
