Поскапи патарини на автопатот Егнатија во северна Грција
Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, јави дописничката на МИА од Атина.
Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција.
Патарината што е веднаш по границата со Северна Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра.
Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).
Ново на Сител
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење