Македонија
16. April 2024 - 12:33

Пошта пред распаѓање - Синдикатот најавува нови протести

Синдикатот на „Македонска пошта“ искажа загриженост за состојбите во јавното претпријатие, бидејќи како што велат, се на работ на опстојување, a со самото тоа и зачувување на местата на над 2000 работници.

Вчера вработените зеле плата, но стравуваат за следните исплати. Синдикатот најави дека ќе формира работни групи и ќе ангажира експерти кои ќе ја подготват новата ситематизација, а во меѓувреме подготвуваат и нови протести.