Посетата на босанскиот премиер на Србија е можност за подобрување на односите
Босанскиот премиер Денис Звиздиќ и министерот за надворешни работи Игор Црнадак денеска во Белград се сретнаа со српскиот премиер Александар Вучиќ во рамки на посетата која аналитичарите ја оценуваат како можност за подобрување на затегнатите билатерални односи меѓу двете земји, пренесе Танјуг.
На прес-конференција по средбата Вучиќ изјави дека Србија искрено се стреми кон мир и соработка.
- Ако некој стравува од можни политички конфликти, кои можат да завршат и полошо, од името на српската Влада ветувам дека ќе дадеме се од себе да ги свртиме нештата во обратната насока, кон соработката меѓу двете земји, рече Вучиќ.
Српскиот премиер посочи дека секоја година расте трговската размена со Босна и Херцеговина и може да се очекува во следните четири години да надмине две милијарди евра. Тој, исто така, соопшти дека ќе се формира заедничка екипа за модернизација на железничката линија Белград - Сараево.
Односите меѓу Србија и Босна и Херцеговина во моментов се сложени и понекогаш доаѓаат до крајности - од тешки зборови, закани и бескрајни кавги за минатото, до повици за вистинско помирување и дури за заживување на југословенското „братство и единство“, за „Дојче веле“ коментира аналитичарот од Европската иницијатива за стабилност Аднан Черимагиќ.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога